„Глас Српске“: Оружје од БиХ завршило кај припадници на ИД

Од:

Големо количество оружје и муниција од Босна и Херцеговина преку Турција завршило во рацете на припадниците на терористичката организација Исламска држава, објави весникот „Глас Српске“.

Извор на овој весник близок од безбедносните структури на БиХ, изјавил дека тоа оружје во Федерацијата БиХ го купувале фирми од Турција, кои се поврзани со радикалното палестинско движење Хамас.

Турците оружјето и муницијата го купувале во фирмите за производство и промет со оружје БНТ од Нови Травник, „Унис Гинекс“ и „Побједа-Рудет“ од Горажде и „Игман“ од Коњиц. Само мал дел од купеното оружје и муниција останувале во Турција, а поголемиот дел завршувал во рацете на терористите.

– Овие работи и натаму се случуваат, а нејголем дел од оружјето и муницијата и натаму завршуваат кај џихадистите од ИД, бидејќи тие моментно нудат најмногу пари, нагласува изворот на „Глас Српске“.

Тој напоменува дека голем дел од оружјето и муницијата биле предвидени за уништување, но наместо тоа, било прошверцувано во многу земји ширум светот, а најмногу, околу 80 отсто, во исламските држави.

Освен на фирми во Турција, оружје, муниција и воена опрема од БиХ се продавани и на унгарски, бугарски, египетски, чилеански, германски, малезиски и саудиски фирми.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски