Полска ќе премести повеќе десетици илјади војници на својата источна граница, соопшти полскиот министер за одбрана, Томаш Шемоњак, што претставува прва посериона измена на полската воена структура уште од времето на Студената војна.
Шемоњак изјави дека војниците се потребни на истокот од земјата заради судирот во соседна Украина.
Според него, Полска до 2017 година ќе го зголеми бројот на распоредени војници во најмалку три воени бази на истокот од земјата од сегашните 30 отсто од капацитетите на речиси 90 отсто. Во овие бази ќе биде донесена и дополнителна воена опрема.
Во моментов најголем дел од вкупно 120.000 припадници на полската армија се стационирани на западната граница на земјата.