Пијан маж вознемирил патници и екипаж во авион

Од:

Патниците и екипажот во авионот на авиокомпанијата „Раинер“, кој сообраќал од Малага до Еаст Мидландс, со заеднички сили успеале да стават под контрола пијан маж кој се заканувал дека ќе го грабне леталото, а по патниците фрлал запалени цигари.

-Десетина минути по полетувањето тој започна да испушта чудни звуци. Потоа викаше дека ќе го грабне авионот, а некои патници тврдат и дека рекол дека кај себе има три бомби. Во еден момент започна да ја вознемирува жената која седеше пред него, а кога нејзиниот сопруг го замоли да престане, тој го удари, му ги скрши очилата и му го повреди окото- вели Хејзел Хиксон, една од патничките.

Според зборовите на очевидците на инцидентот, насилникот започнал да пали цигари и да ги фрла околу себе, а патниците се исплашиле бидејќи членовите на екипажот не знаеле што да прават и како да реагираат.

Со помош на мажите патници успеале да го турнат на подот и да го врзат на задното седиште во авионот.

-Екипажот веднаш по слетување повика полиција и мажот е приведен. Им се извинуваме на патниците поради инцидентот – изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата