СААБ: Зделка за авионите Грипен вредна 39 милијарди круни

Од:

Шведскиот концерн СААБ и Бразил потпишаа договор со кој е планирано СААБ да произведе 36 воени авиони од типот Грипен НГ за потребите на бразилското воено воздухопловство, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Според соопштението за медиумите од СААБ, зделката е вредна 39,3 милијарди шведски круни (околу 4,4 милијарди евра).

– Горди сме дека можеме да стоиме рамо до рамо со Бразил во оваа значајна програма, вели претседателот на СААБ Маркус Валенберг.

СААБ и Министерството за одбрана на Бразил едновремено потпишале и договор за индустриска соработка.

Според извори во шведскиот концерн, тоа практично значи трансфер на техника во бразилската индустрија во траење од десетина години.

Првите испораки на Грипен НГ за Бразил ќе бидат реализирани во текот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија