Украина: Убедливо водат проевропските партии

Од:

Според прелиминарните резултати по 22,63 отсто преброени гласови по вчерашните вонредни парламентарни избори во Украина, убедливо водат проевропските партии, соопшти украинската Централна изборна комисија.

Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук освои 21,71 проценти од гласовите, а Блокот на претседателот Петро Порошенко има 21,62 отсто од гласовите.

На трето место е партијата Самопомош, чиј лидер е градоначалникот на Лвов, Андреј Садов, со освоени гласови 10,49 проценти.

Потоа следат Опозицискиот блок на Јуриј Бојкос – 9,57 отсто, Радикална партија на Олег Љашкос – 7,69 и татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко – 5,90 проценти освоени гласови.

Над 34,6 милиони луѓе во Украина имаат право на глас. Во Украина се гласаше на околу 30.000 избирачки места, а во 72 земји на 112 избирачки места.

Претседателот Порошенко синоќа, два часа по затворањето на избирачките места, ја поздрави убедливата победа на проевропските партии.

– Поголемиот број граѓани гласаа за политичките сили кои го поддржуваат мировниот план на претседателот и бараат политичко решение на ситуацијата во регионот на Доњецк, посочи Порошенко.

Би можело да ве интересира

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности