Во Здружението на писателите на Србија денеска ќе бидат промовирани стихозбирките „Погрешен човек“ и „Под потковицата на коњот“ од македонскиот поет Христо Петрески.
За книгата Погрешен човек, Петрески ги доби наградите „Иво Андриќ“ и „Македон“. Наградената книга е во издание на Националниот совет на Македонците во Србија, а во Белград ќе биде презентирано второто двојазично издание на македонски и српски јазик. Книгата Под потковицата на коњот е во издание на Клубот на љубителите на книгата „Мајдан“ и издадена на српски јазик.
На престојниот Меѓународен саем на книгата во Белград, во рамките на самеските презентации ќе биде преставена книгата „Раскази“ од Христо Петрески во издание на српски јазик на Арте од Белград.