Убедлива победа на прозападните партии на парламентарните избори во Украина

Од:

Прозападните партии однесоа убедлива победа на денеска оддржаните предвремени парламентарни избори во Украина, пренесоа француските медиуми, цитирајќи истражување за излезеноста на избирачите.

Партијата на претседателот Петро Порошенко и четири други прозападни партии, вклучувајќи ги националистичките, заедно ќе освојат околу 70 проценти од гласовите.

Овие резултати се очекувани. Тие на актуелните прозападни политичари од власта им даваат силен мандат да ја доближат Украина до ЕУ и САД, да спроведат продемократски реформи и да ги реализираат планот на Порошенко за прекин на конфликтот со проруските сепаратисти во југоисточниот дел од земјата.

Со освоени приближно осум проценти од гласовите, главната проруска формација во земјата – Опозицискиот блок, исто така, го мина утврдениот петпроцентен цензус за влез во Врховната рада, покажаа резултатите од анкетата, спроведена по гласањето.

Според последните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК),
цитирани од ТАСС, излезеноста изнесувала едвај 40,77 проценти.

Би можело да ве интересира

Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

A1on

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности