Охриѓанец се возел на мотор и маркирал места за кражби

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „тешка кражба“ секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Б.Т. (26) од Охрид.

На 6ти овој месец во ноќните часови, пријавениот од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите.

Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска врата и да влезе во куќа на улицата „Дејан Војвода“. Во моментот се вклучил алармниот систем по што брзо избегал и не одзел ништо.

На 21 минатиот месец Б.Т. користејќи штрафцигер и физичка сила ги отворил катинарите од киоскот „Кај шефот“ на улицата „Караорман“ во близина на гимназијата и одзел еден музички систем.

Во текот на овој месец, пријавениот Б.Т. со кршење на буренцето од влезна врата и со насилно отворање на катинар со штрафцигер, имал неуспешни обиди да влезе во уште две куќи на улицата „Никола Петров Русински“.

Пред извршување на кражбите, пријавениот со велосипед вршел обиколка на делови од градот со цел маркирање на објекти поволни за извршување на кражби. Б.Т. е лице познат на службата против кого и по други основи се поднесувани соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он