Светскиот шампион во најсилната Мото ГП класа, Марк Маркез ќе тргне од пол-позицијата по 13-ти пат оваа година, утре на патеката „Сепанг”.
Маркез забележа рекорд, откако за прв пат во натпреварувачката историја на трасата, даден тркач успева да сврти круг за помалку од 2 минути.
Неговото време од 1:59,791 мин. беше доволно за да излезе пред клубскиот колега. Педроса исто падна под 2 минути, но ќе мора да се задоволи со второто место.
Хорхе Лоренцо беше најсериозен ривал на Хонда и ќе тргне од надворешниот дел на првата редица.
Штефан Брадл ќе биде четврти пред Андреа Довициозо со Дукати и Валентино Роси со Јамаха.