Египетската армија почна масовна операција на Синајскиот полуостров

Од:

Египетската армија презеде денеска голема операција во северниот дел на Синајскиот полуостров, за апсење на бунтовниците кои денеска извршија неколку напади во кои загинаа најмалку 28 луѓе.

Армијата употреби специјални сили и оклопни возила, а авијацијата нанесе удари од воздух врз упоришта на бунтовнците.

Напаѓач самоубиец удри со визоло во кое имало два тона експлозив во голем армиски контролен пункт на магистрала меѓу градовите Ел Ариш и Рафах. Во експлозијата воружени лица зазеле позиции и пукале врз војниците во контролниот пункт.

Според Министерството за здравство загинале најмалку 28 луѓе и повеќе од 40 се ранети. Поголем дел од убиените се војници, но има и цивили.

Подоцна бунтовниците извршиле уште неколку напади во реонот против владини сили. Засега не е познато дали во тие напади има жртви.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро