Петмина војници убиени, 16 повредени во напад на Синајскиот полуостров

Од:

Најмалку петмина војници се убиени, а 16 ранети во напад со автомобил-бомба на Синајскиот полуостров во Египет, во близина на границата со Појасот Газа и Израел, соопштија силите за безбедност.

Напаѓачот-самоубиец го разнел возилото во армиски контролен пункт во граничниот реон Карм ал Кауадес.

Властите очекуваат бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи повредените се во тешка состојба.

Бомбашкиот напад бил насочен врз воен конвој на оклопни возила, што се движел кон реонот Ел Харуба североисточно од градот Ел Ариш, во близина до границата со Појасот Газа.

Очевидци претходно соопштија дека попладнето слушнале силна експлозија во близина до Ел Ариш и претпоставиле дека станува збор за напад врз воен објект.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро