Околу 10.000 португалски демонстранти се собраа вчера пред претседателската палата во знак на протест против мерките на штедење. Демонстрантите почнаа да се собираат околу 5 попладне и времето не е случајно, бидејќи внатре во зградата се сретнаа членовите на владата со претседателот Анибал Кавако Силва.
Премиерот Педро Пасос Коељо изјави дека “ќе го слуша народот”, но тој коментар сигурно нема да биде доволен за стотиците илјади португалски жителите кои беа погодени од новите мерки. Покрај тоа, првичната реакција на демонстрантите надвор од претседателската палата покажува дека воопшто не се задоволни, извикуваа “Крадци! Крадци”, “Доста е пљачкосување на народот” и “Ви даваме оставка”.
Вчерашниот протест доаѓа само неколку дена по одржувањето на најголемиот протест во историјата на Португалија. Се верува дека минатата сабота, на улиците на повеќе од 40 градови, се собраа повеќе од 500.000 луѓе.