Седумнаесетгодишниот Абдулах Елмир од Австралија го шокира светот, но и своето семејство откако на интернет јавно го сподели својот план да закачи знаме на ИСИС на Бакингемската палата.
-Каков глупак- рекол негов роднина, кој сакал да остане анонимен.
Инаку Абдулах преку видео снимка, која што е објавена на „Јутјуб“ им се обраќа на западните лидери и вели дека никогаш нема да успеат да ја сопрат Исламска држава и додава дека припадниците на оваа терористичка организација ќе постават свои знамиња на Бакингемската палата и Белата куќа.
Како што пренесуваат медиумите овој тинејџер со својот пријател Феиз побегнал од Австралија во Ирак, а потоа заминал во Сирија, од каде што последен пат се јавил на своето семејство.
-Обединете се со сите народи и дојдете да се борите со нас. Нам ни е сеедно дали на спротивната страна имаме 20 или 50.000 нации . Испратете свои авиони и сето оружје што го имате. Ништо од тоа нема да не победи нас, бидејќи Алах има нешто што вие никогаш нема да го имате – заклучува Абдулах во своето обраќање до јавноста.
Е. Г.