Северна Кореја го ослободи Американецот Џефри Фаул

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун го ослободи Џефри Фаул, еден од тројцата приведени Американци во Пјонгјанг, „земајќи ги предвид повеќекратните апели на претседателот на САД Барак Обама“.

Фаул беше уапсен во мај за тоа дека ја оставил Библијата во морнарски клуб, додека патувал како турист во Северна Кореја.

– Криминалецот беше предаден на американската страна согласно надлежната правна процедура, наведува севернокорејската информативна агенција.

Фаул беше ослободен неочекувано вчера и пристигна во САД со американски владин авион.

Државниот секретар на САД Џон Кери рече дека ослободувањето на Фаул се случило, без да бидат предлагани какви и да било компензации во замена, и изрази надеж дека преговорите со Северна Кореја по нуклеарното прашање може наскоро да бидат обновени.

Кери рече дека САД одржуваат врска со семејствата и на другите двајца приведени Американци – Кенет Бе и Метју Милер, и изјави дека се надева оти тие исто така ќе бидат ослободени во скоро време.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија