Европратениците денеска ја избраа новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер, јави дописникот на МИА од Стразбур.
„За“ комисијата гласаа 423 европратеници, 209 беа „против“, а 67 „воздржани“.
Новата Комисија ќе треба формално да биде одобрено и од шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, по што ќе може да ја преземе функцијата на 1 ноември годинава.
За споредба, првата Комисија на Баросо во ноември 2004 доби 449 гласови „за“, наспроти 149 „против“ и 82 „воздржани“, а втората беше одборена на 9 февруари 2010 година со 488 гласови „за“, 137 „против“ и 72 „воздржани“.
Ваквата разлика се должи на фактот што тогаш бројот на евроскептиците и националистите во Европскиот парламент беше многу помал.