Ѓорѓиев: Нема да има отпуштања во администрацијата

Од:

Александар Ѓорѓиев денеска изјави Владата нема да дозволи отпуштања од администрацијата и покрај предизвиците со кои се соочува како резултат на влијанието на европската должничка криза.

„Иако постојат определени притисоци, појави, случувања во регионот каде има отпуштање на работници како најновиот пример во Хрватска каде 20 илјади административци се отпуштаат од работа, а порано и во Романија околу стотина илјади државни службеници на некој начин се отстранети од работните места, и со оглед на европската должничка криза и притисокот што го прави врз Република Македонија, сепак Владата останува на ставот дека во идниот период нема да биде дозволено да се доведеме во ситуација да се отпуштаат работници од администрацијата“, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто