Дел од оружјето на американската војска кое било наменето за курдските борци, е во рацете на џихадисти во близина на военото жариште кај пограничниот сириски град Кобане.
Во видео порака именувана „оружјето и муниција фрлени од американски авиони во област на Кобане, се во рацете на ИСИС“ се гледа како маскиран борец покажува пакет со оружје, врзан за падобран, пренесе „Франс прес“.
-Ова е американската помош до неверниците. Слава му на Господ ова е плен на муџахедините – вели лицето во видео записот во чија што позадина може да се слушнат звуци од авиони кои кружат.
„Франс прес“ наведе дека портпаролот на Пентагон, Џон Кирби не можел да потврди колку точно пакети со оружје наменето за курдските борци по грешка завршило во рацете на џихадистите.
Е. Г.