Пладневна средба со Катица Ќулавкова ќе се одржи денеска во фоајето на киното Фросина на Младинскиот културен центар, по повод објавувањето на нејзината книга „Сонот е живот“ (1001 фикција).
Промотивни обраќања за најновото дело на Ќулавкова ќе одржат академик Влада Урошевиќ и Оливера Ќорвезироска.
Одломки од книгата ќе читаат Магдалена Делкова и Ненад Јолдески.