Во воздушен напад на американско беспилотно летало загинаа најмалку четворица екстремисти.
Нападот е извршен врз автомобил, кој целосно бил уништен, во племенскиот реон Датакел во Северен Вазиристан, подрачје кое се граничи со Авганистан. Засега не е познат идентитетот на загинатите.
Ваквите напади не престануваат и покрај постојаните барања од страна на Пакистан, САД да прекинат со извршување воздушни напади на негова територија.