Издавачката куќа Икона од Скопје е добитник на престижната награда “Доситеј Обрадовиќ“, што традиционално ја доделуваат Министерството за култура и информирање на Република Србија, Саемот на книга во Белград и фондацијата “Доситеј Обрадовиќ“.
Наградата се доделува за исклучителен придонес кон преведувањето на книжевното творештво и промоцијата на културата на Република Србија.
По тој повод, на покана на белградскиот Саем на книга, на 26 и 27 октомври 2014 година, гости ќе бидат директорот на Икона, Николчо Мадешовски, и директорот на Интернационалниот литературен фестивал “ПРО-ЗА Балкан“, Дејан Трајкоски.
Наградата ќе биде доделена на свеченост организирана од Саемот на книга.