ВИДЕО: Албанци изведоа реприза со дрон на свое дерби

Од:

Три дена по инцидентот на стадионот Партизан во Белград и прекин на натпреварот помеѓу Србија и Албанија, предизвикан поради беспилотно летало и знаме со мапа на „Голема Албанија“, уште еден дрон беше во центарот на вниманието и тоа во текот на албанско дерби.

Како што пренесуваат медиумите на натпреварот помеѓу локалните ривали Фљамуртари и Скендербег, во неколку наврати на необичен начин е истакнато албанското знаме, но овој пат без територијални претензии кон соседните држави, како што беше случајот во Белград.

Најпрво една птица го носеше албанското знаме, а потоа и беспилотно летало, меѓутоа натпреварот не беше прекинат.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски