Илија Костовски цели четири дена патувал со велосипед од Охрид за да пристигне во Белград на воената парада, која што беше организирана по повод 70-годишнината од победата над фашизмот, а на која присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, пренесе српски „Телеграф“.
-Со велосипедизам се занимавам полни 25 години. Бев падобранец во војска, а потоа и член на локалниот Аероклуб во Битола-раскажа тој и додаде дека авионите се неговата голема љубов и дека сака да биде околу нив.
Костовски истакна дека по поминат пат од 1.100 километри е импресиониран од она што го видел во Белград.
-Ме воодушевија руските пилоти во авионите МИГ 29, како и фактот што бев во близина на претседателот Путин-наведе тој.
Храбриот велосипедист во Македонија се вратил со велосипедот, но патот од Параќин до Скопје го поминал со автобус, бидејќи паѓал силен дожд.
Е. Г.