Брaдке: Македонија е одличен партнер на САД во борбата со тероризмот

Од:

Македонија е одличен партнер на САД, кој работи со нас на проблемот со сириските странски борци. Ја цениме многу соработката со Македонија на ова прашање, на кое работиме како партнери и во ОН заедно со други земји, изјави денеска во Скопје американскиот амбасадор задолжен за прашања поврзани со сириските странски борци, Роберт Брaдке, по средбата со министерот за правда Аднан Јашари.

– Ова е прашање за кое и САД и Македонија се мошне загрижени. Борците во Сирија и Ирак доаѓаат од над 80 земји во светот, вклучувајќи ги и САД. Таму се придружуваат и се борат на страната на странски терористички организации како ИСИЛ и Ал Нусра. Загрижени сме поради ова од повеќе причини. Прво поради она што го прават во Сирија и Ирак, каде го тероризираат локалното население и вршат ужасни злосторства кон лицата кои се нивни заложници. Исто така, загрижени сме за овие бoрци поради потенцијалот што го имаат по нивното враќање во сопствените или во други земји. Ние ја делиме оваа загриженост со Владата на Македонија. Македонија е одличен партнер, кој работи со нас на овој проблем, рече Брадке, кој беше придружуван на средбата од амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Министерот Јашари истакна дека на средбата тој информирал за измените на Кривичниот законик со кој се санкционира одењето на македонски државјани во странски војски, како и за постапката за нивна примена.

– Го известив и дека се работи за создавање на превентивни мерки во насока на дејствување на сите граѓани, односно државјани на Македонија да не заминуваат во туѓи војски, пред се, во земјите на Блискиот Исток. Целта на овие мерки е зачувување на имиџот на верата, односно на исламот и нивната национална припадност, рече Јашари.

Амбасадорот Брaдке ги поздрави измените на законот, но подвлече дека е многу битно како тој ќе се применува во пракса, дали тоа се прави фер, на балансиран и транспарентен начин.

Американскиот амбасадор задолжен за прашања поврзани со сириските странски борци Брaдке треба да се сретне и со премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Американските сили уништија ирански брод во Оманскиот Залив

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Хемати: Американците се во заблуда дека иранската економија се урива

Горан Наумовски