ДПА: Ќе продолжиме да ги изнесуваме реалните барања на Албанците

Од:

Пратеничката група на ДПА ќе продолжи да ги изнесува реалните барања на Албанците и ќе го крене гласот за сите антиалбански проекти, изјави денеска пратеникот Газменд Алиу.

Тој заедно со другите пратеници од ДПА денеска повторно се вклучија во работата на Парламентот по физичкиот инцидент со пратениците од ДУИ за време на амандманската расправа за буџетот за 2015 година во Комисијата за финансирање и буџет на крајот на август. Собранието денеска ја продолжи седницата на која на дневен ред е буџетот за следната година и Извештајот на ЕК за напредокот.

– ДУИ исценира инцидент само поради една причина: да ја замолчи албанската опозиција. Им ставаме до знаење дека ова ќе биде невозожна мисија и на ДУИ и на кој било друг, изјави пратеникот Алиу.

Лицемерие е за него изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека функционерите од неговата партија не се ангели. Според Алиу тој мора да сноси одговорност за неговата политика, бидејќи Албанците се во многу неповолна положба.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски