Викендов во Скопје во 40 сообраќајки 30 повредени лица

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 40 сообраќајни незгоди од кои во една со потешки повреди се здобил мотоциклист, во 19 полесно се повредени 29 лица, а 20 поминале само со материјална штета.

Во петокот, на 17 октомври, извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во сабота, на 18 октомври, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во недела, 19 октомври, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 12 лица.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден мотоциклист.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 24 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 80 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 34 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 12 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 32 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во овие три дена отстранети се 94 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Круме Кепевски“ кое се наоѓа на подрачјето на општината Кисела Вода, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Денеска на крстосниците во централното градско подрачје ќе биде реализирана обука за физичка регулација на сообраќајот на кандидатите за полициски службеници. Обуката ќе биде реализирана од страна на Единицата за безбедност во патниот сообраќај и Центарот за обука при МВР. Апел до возачите да бидат претпазливи, толерантни и да ги почитуваат знаците што ќе ги даваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски