Во најновата афера во Полска е притворен офицер на полската армија и адвокат од Варшава, кои се осомничени дека шпионирале за странски земји, јави дописникот на МИА од Прага.
Полската телевизија ТВН24, повикувајќи се на Парламентарната комисија за контрола на разузнавачките служби објави дека двајцата наводни агенти кои пренесувале информации на други земји не работеле заедно и се одделни случаи.
Обвинителството, засега не објави на кои земји осомничените им пренесувале информации, иако некои од пратениците изјавија дека се работи за Русија.