Патувањето на Бали за 21-годишниот Австралиец Дилан Томас, се претворило во вистински пекол.
Имено, кога се пробудил едно утро забележал чудна црвена „патека“ која се протегала на неговиот стомак. Побарал помош од лекарите мислејќи дека се работи за убод од инсект, но, црвената линија се зголемувала, па повторно отишол на лекар.
Се изненадил кога лекарите откриле тропски пајак кој „копал“ свој пат под неговата кожа. Таму влегол низ рана која несреќникот ја здобил по операција на слепо црево.
Лекарите го извадиле пајакот од телото на момчето, пишува Дејли Мејл.
– Беше многу бизарно искуство да се знае дека такво нешто имало во моето тело неколку дена, раскажало момчето. Тропскиот пајак завршил на тестирање и Дилан наскоро треба да дозне за каков пајак точно се работи.