Незири: Австрија една од водечките инвеститори во Македонија

Од:

Австрија е една од водечките инвеститори во Македонија. Приливот на директни инвестиции од Австрија во Македонија изнесува 484,3 милиони евра за периодот од 1997 до 2013 година, истакна министерот за економија Беким Незири на денешната конференција „Австриско-македонски денови“.

Конференцијата, според Незири, треба да ги поттикне уште повеќе австриските инвестиции во Македонија бидејќи ваквите дискусии се одлична можност за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави.

Тој посебно ја потенцираше можноста за инвестирање во технолошко- индустриските развојни зони кои нудат големи поволности за инвеститорите како што се даночните олеснувања.

– Убеден сум дека заеднички можеме уште повеќе да придонесеме за остварување на нашите цели – вие од аспект на деловните успеси, а ние од аспект на економски просперитет на Република Македонија, преку нејзино интегрирање во европската и светската економија, истакна Незири.

Почесниот претседател на Европскиот форум ALPBAH, Ерхард Бусек во своето обраќање нагласи дека Европската унија се наоѓа на критична точка од развојот, но оти мора да продолжи со процесот на проширување, затоа што тоа е поврзано и со зајакнување на стабилноста на регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези