400 милиони долари од Светска банка во следните 4 години

Од:

Македонија во наредните четири години ќе може да користи 400 милиони долари од Светска банка за постигнувње повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството.

Ова е предвидено со новата Стратегија за партнерство со Република Македонија за периодот 2015 -2018 година, која вчера беше разгледана од Бордот директори на Банката.

„Новата Стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија“, се наведува во соопштението од Светска банка.

Зависно од условите на пазарот, бројката од 400 милиони долари може да биде дополнета со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите.

Стратегијата за партнерство со земјата е дефинирана околу два столба. Првиот се однесува на подобрувања во бизнис климата и трговскиот режим се суштествени за привлекување приватни инвестиции и подобрување на извозните резултати, за да се постигне одржлив развој предводен од приватниот сектор и создавање работни места. Вториот столб се однесува на интервенции кои ќе ги зголемат вештините и ќе ја подобрат инклузијата се суштествени за обезбедување сите сегменти на општеството да имаат корист од економскиот раст, преку подобри можности за вработување и поефикасни јавни и општински услуги.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот