Вељаноски го прими новиот шпански амбасадор во Македонија Каранза

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија Рамон Абароа Каранза.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, изразија задоволство за остварената средба и притоа искажаа взаемна почит кон двете пријателски земји.

На средбата стана збор за продлабочување на парламентарната соработка преку официјални посети и соработка на парламентарните групи се со цел за развивање на парламентарната дипломатија.

Амбасадорот Каранза ја искажал поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија.

На средбата, се посочува во соопштението, станало збор и за актуелните случувања во двете земји, за економските состојби и како двете земји се соочувале со предизвиците од оваа област досега.

Претседателот Вељаноски на амбасадорот му го честита изборот на Кралството Шпанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации на гласањето на Генералното собрание на светската организација.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски