Славе Банар е автор на наградената поема „Амбар“

Од:

Автор на поемата „Амбар“ со шифра „Црно зрно“ е Славе Банар. Тој е добитникот на 22. Конкурс за најдобра необјавена поема на македонски јазик „Григор Прличев“, кој  го организира Редакцијата „Детска радост“ во соработка со Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Наградениот ракопис редакцијата го објави завчера, а денеска го соопшти нејзиниот автор поради анонимноста на конкурсот. За наградата одлучи жирито во состав: Наташа Аврамовска (претседател), Валентина Миронска-Христовска и Владимир Мартиновски (членови).

Славе Банар (1954, село Лешани, Охридско) е магистер по македонска книжевност и доктор на науки од областа на книжевностите. Банар е професор по македонски книжевности на Државниот универзитет во Тетово. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година. Има објавено две книги поезија – „Аквариум“ и „Златоуст“ и книгата раскази „Подземна вода“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска