Симпозиум „Денови на Јустинијан I“

Од:

Во објектот „Порта Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустинијан I“ на тема  „Самуиловата држава и Византија: Историја, култура, легенда, традиција“ во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија  во партнерство со Италијанската амбасада во Скопје.

На симпозиумот ќе се обратат проф. д-р Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет на Симпозиумот и италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели. Симпозиумот официјално ќе го отвори министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска.

На отварањето ќе биде промовиран и Зборникот на трудови од минатогодишниот симпозиум „Денови на Јустинијан I”.

Во работниот дел свои реферати ќе имаат повеќе од 50 еминентни професори и научници од 15 земји (Австралија, Австрија, Бугарија, Грција, Израел, Италија, Либан, Полска, Романија, САД, Србија, Холандија, Хрватска, Шпанија, Македонија). Ќе бидат презентирани и најновите сознанија од областа на византолошките и средновековните студии, што го вклучува и феноменот на легендите, митовите, традициите, сфатен како интегративна компонента на европското наследство. Сеопфатниот тематско-содржински концепт на рефератите меѓу другото ќе ја претстави Република Македонија како интегрален дел од византиските културни и духовни традиции и наследство.

Симпозиумот „Денови на Јустинијан I” претставува дел од партнерската програма помеѓу Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња и кампусот во Равена, во функција на продлабочување на севкупната соработка помеѓу  Македонија и Италија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел