Бизнис конфедерацијата на Македонија денеска во Скопје организира панел дискусија на која ќе ги презентира придобивките од проектот КООзаСите како што се Прирачникот за општествена одговорност на претпријатијата и поддршката и организацијата на Националната награда за општествено одговорни практики за 2013 година.
На панел дискусијата ќе се разменат и информации за најдобрите практики на претпријатијата и ќе се предложат нови насоки. Ќе се расправа за националните иницијативи за општествена одговорност на претпријатијата, како и за иницијативите на Европската унија по однос на ова прашање.
На средбата претставници од компании добитници на Националната награда за општествено одговорни практики ќе ги споделат своите искуства за успешните проекти за општествена одговорност за кои биле наградени и ќе говорат за процесот на нивна имплементација.