Власта подготвена да разговара со студентите во Хонг Конг, САД бараат истрага

Од:

Лидерот на Хонг Конг, Леунг Чун-јинг изјави денеска дека е подготвен да почне разговори другата недела со лидерите на студентите за демократски реформи.

Леунг истакна дека официјалните лица преговарале со студентите преку посредници изминатите денови, но дека властите на Хонг Конг сега се подготвени да одржат разговори за реформите.

Демонстрантите изразија незадоволство кога властите го откажаа закажаниот состанок со лидерите на студентите минатата недела.

Полицијата изутрината влезе во судир со демонстрантите на улиците на Хонг Конг, меѓутоа не продолжи да ги отстранува барикадите на активистите поради гневот на јавноста, предизвикан по прикажувањето на снимката, на која се гледа како полицајци со нозе удираат активисти, кои се со лисици на рацете.

САД во меѓувреме повикаа на брза, отворена и целосна истрага за инцидентот, во кој полицијата ги тепала демонстрантите со ставени лисици во паркот во Хонг Конг.

Полицијата втора ноќ по ред употреби солзавец против групата демонстранти кои се обиделе да ја окупираат улицата пред владините канцеларии.

Двајца демонстранти се уапсени и тројца полицајци се повредени синоќа, соопшти денеска полицијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија