Зошто јадење со други луѓе не прави дебели

Од:

Некои истражувања откриваат дека јадеме повеќе во друштво на дебело лице, маж, брачен партнер, член од семејството, пријател… Зошто е ова така и дали можеме да сториме нешто за да го контрлираме?

Јадење со други луѓе дебелее. Ова безброј пати го демонстрираа научници на кои на срце им лежи нашата колективна линија. Земете ја „студијата просторија за дебели“ (како што е неформално позната) која е штотуку објавена во последниот број на списанието Апетит. Тим од психолози, предводени од Мицури Шимицу од Универзитетот Јужен Илиној, открива дека луѓето јадат 31 проценти повеќе тестенини (паста) и 43,5 проценти помалку салати кога се во друштво на дебели лица, без оглед на тоа колку биле здрави оброците на лицето со поголема тежина.

Експериментот следи по хипотезата која ја објаснува Шимицу, дека „целта да се јаде здраво е деaктивирана која јадеме со некој кој е дебел“. Таа продолжува: „Најверојатно кај нас постои потсвесна цел да јадеме поздраво, затоа што така треба, но кога јадеме во друштво со дебел придружник, можеби целта е помалку активирана или целосно деактивирана“.

Ова отвара многу прашања – а не последно е зошто побогу тие ангажирале актер или просторија каде се јаде наместо да искористат вистински дебел човек? Но она што најмногу притиска е која е лекцијата која ќе ја научиме од овие откритија? Шимицу вели тоа е случај предупредувањето да не поведе за рака. „Овие нешта несвесно се случуваат, па ако знаеме дека постои влијание од дебел човек, можеби ќе можеме да избегнеме таков ефект“.

Друштво = калории

Кога јадеме со други луѓе, конзумираме во просек 44 проценти повеќе храна отколку кога јадеме сами. Во 1989 година, американскот психолог Џон де Кастро испитуваше како јадењето со различни групи на луѓе по тежина влијае врз нашата исхрана. Во финалниот извештај, тој разоткрива: „Оброците кои ги јадени во друштво на друга личност се 33 проценти пообемни отколку оборците кои ги јадеме сами, а 47, 58, 69, 70, 72 и 96 проценти зголемување се поврзани со две, три, четири. пет, шет и седум, па и повеќе луѓе присутни, токму по тој редослед“. Се мислело дека ова има врска со фактот дека времето за оброците е продолжено кога јадеме во друштво. Но, во 2010 година, тим од научици од Универзитетот во Аделејд скришум набљудувале фаст фуд ресторани и луѓе кои сами јаделе, и забележале дека оние кои подолго јаделе зато што читале, не јаделе значително пообемно од другите, па затоа сето ова има повеќе врска со тоа отколку со времето поминато на маса. И животните јадат повеќе во друштво. Од глувци и кокошки до кутриња, ако ги храните додека не се најадат, а потоа да ги однесет кај некое друго од нивниот вид кое јаде, тие повторно ќе почнат да јадат.

Различни влијанија со различни луѓе

Последната студија на де Кастро открива дека оној со кого јадеме, исто така влијае на нивоата на уживање во храната. Жените јадат 13 проценти повеќе кога јадат со мажи (количината на храна која ја јадат мажите не е под влијание на полот на нивното друштво). А оброциоте со сопружникот, семејството или со пријателите се 22, 23 и 14 проценти поголеми, по тој редолсед, отколку оброците кои ги јадеме со други луѓе. Јадеме повеќе кога сме во поопуштено друштво, а тука е рпоблемот. Де Кастро исто открил дека јадеме побрзо со нашите семејства, а побавно со пријателите.

Ефект на имитирање

Тешко е да не бидеме под влијание од тоа што другите одбираат да го јадат. Кога нарачуваме во ресторан, свесно се обидуваме да нарачаме нешто кое никој на масата не го нарачал, и според името и како дел од психолошкиот феномен познат како „потреба за уникатност“. Сепак несвесно ние сме големи имитатори. Изразите на лицето кај другите можат да влијаат врз изборот на храната, како што беше прикажано во француски текст објавен во Апетит во 2009 година. Кога на некого му покажувале слики од некој кој искажувал гадење додека јадел слична храна како оној на кого му ги покажувале сликитепокажувале, нивната желба за јадење опаѓала. А кога им покажувале слики од некој кој ужива во храна кои тие не ја сакале, нивната желба за јадење растела. Друг експеримент кој бил објавен во Журнал оф конзјумер рисрч открива дека кога им биле понудени два вида на крекери, луѓето го избрале оној кој го избрал и нивииот колега кој претходно им зборувал за нив.

На крајот, кога биле понудени вкусни грицки во љубезно друштво, сакаме да се истакнеме пред останатите. Истражувачите од Универзитетот во Торонто ги огладнеле учесниците во едно истражување 24 часа пред да им изнесат грицки во друштво. И покрај тоа што биле гладни како волци, ако нивното друштво јадело сосема малку, и учесниците се воздржувале. Но побогу, нервира кога тоа ќе се случи. Би ги закопате рацете во куп солени грицки, а потоа сета сол од вашите прсти би ја ишмукале толку силно што не можете да се концентрирате на разговорот. Или е можеби тоа случај само со мене. И дали вие сте забележале дека вашиот избор на храна е одредуван од друштвото со кое седите?

 

Гардијан – Лондон

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска