Грејпфрутoт за контрола на телесната тежина

Од:

Истражувањето спроведено на Универзитетот Калифорнија покажува дека пиењето сок од грејпфрут го отежнува насобирањето на вишок килограми.

Во експериментите спроведени врз глувци чија исхрана содржела претежно масти, се покажало дека внесувањето сок од грејпфрут наместо вода било поврзано со побавно темпо на зголемување на телесната маса.

Сокот од грејпфрут бил поврзан и со подобро метаболитичко здравје, вклучувајќи подобра контрола на концентрацијата на шеќер во крвта, и поголема чувствителност на делувањето на инсулинот, пишува научното списание „PLOS One“.

Животните кои добивале сок од грејпфрут наместо вода имале и помала присутност на триглицериди во црниот дроб и покрај зголеменото внесување масти.

Научниците веруваат дека ваквите резултати е можно да се објаснат со влијанието на состојките на грејпфрутот на експресијата на протеинот вклучен во регулација на метаболизмот.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска