Египетски воени авиони денеска бомбардира позиции на исламистичките милитантни групи во источниот либиски град Бенгази.
Нападите на авионите се во рамките на операцијата против милитантите предводена од Египет, во која се вклучени и либиски копнени снаги.
Либискиот пратеник Тарик ал Џоруши информира дека египетските авиони што ги извршиле нападите биле управувани се од либиски пилоти.
Портпаролот на Генералштабот на Вооружените сили на Либија, полковник Ахмед ал Месмари соопшти дека либиската армија ја подржува операцијата „Достоинство на Либија“, што ја започна одметнатиот генерал Халиф Хафтар против „терористичките групи“ во градот Бенгази.
– Тоа е сега една од операциите на армијата, додаде Месмари.
Либискиот премиер Абдула ал Тани најави дека владините сили на Либија ќе се борат против „терористите“ во Бенгази се до конечната победа ,
– Единственото нешто што ни остана, е сами да се бориме со оружје против терористите. Меѓународната заедница се откажа од поддршка на либиската армија. Подготвени сме за дијалог со легитимните претставници, но групите кои се го контролираат Бенгази се терористи, изјави Тани, додавајќи дека владата на Либија ги поздравува сите оние кои сакаат да се борат во редови на либиската армија.