Градот Скопје реагира на обвинувања од страна на СДСМ

Од:

Градот Скопје остро реагира на неоснованите обвинувања искажани од страна на СДСМ во врска со градежните зафати за подобрување на атмосферската канализациска мрежа во Скопје што деновиве се одвиваат на повеќе локации во градот, велат оттаму.

Почитувани господа во СДСМ, градоначалникот Коце Трајановски не доцни со изградбата на атмосферска канализација во Скопје, како што Вие тврдите. Градот Скопје и градоначалникот Трајановски сега го исправаат она што вие 40 години не успеавте ниту да го испланирате како што треба, ниту да го димензионирате како што треба, ниту да го реконструирате или доизградите.
Како потврда за Вашето непознавање за работите што се одвиваат на терен сакаме да нагласиме дека екипите на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ја реконструираа атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот Киро Глигоров со што проточноста на атмосферските води ќе се зголеми двојно. Оваа локација на булеварот Киро Глигоров беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето.

На терен најпрво беше извршена реконструкција на постојниот атмосферски колектор кај објектот „Бриколаж“, при што беа вградени полипропиленски цевки, со профил Ф 800 милиметри, во должина од 57 метри. Со овој зафат беше извршено исправање на атмосферскиот колектор којшто претходно имаше две прекршувања под агол од 90 степени. Потоа, на булеварот Киро Глигоров, беа поставени решетки од монолитен бетон. Функцијата на моноблоковите е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.

Деновиве се работи на подобрување на постојната канализациска мрежа и на подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“ и на улицата Павел Шатев, кај подвозникот.

До крајот на годинава ќе почнат градежните рабптои за реконструкција и подобрување на атмосферската канализација уште на седум други локации кои беа утврдени како „црни точки“ и се поплавуваа при поројните дождови. Овие градежни зафати се изведуваат според однапред утврдениот акциски план за решавање на овој клучен проблем во Скопје.

Градот Скопје веднаш се зафати со решавање на овој проблем и во најкус временски рок изработи план и почна да гради на терен, наместо го години да ги одложува работите како што претходно беше случај со многу урбани проблеми во Скопје.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски