Албански Грци нападнати од националисти по фудбалскиот натпревар Србија-Албанија

Од:

Припадници на етничкото грчко малцинство во село Дервичани во реонот на градот Ѓирокастро во јужна Албанија, доцна синоќа биле нападнати од албански националисти, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Група од околу 100 лица, кои носеле албански знамиња и транспаренти со националистички пораки, со автомобили пристигнале во селото, што се наоѓа во непосредна близина на границата со Грција, и кршеле излози на продавници и паркирани автомобили, се додека не биле спречени од полицијата.

Насилството во Дервичани избувнало неколку часа по прекинот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија од квалификациите за европското првенство. До прекинот дојде заради тепачка на фудбалерите, откако мал хеликопер (дрон) што бил управуван од далечина го прелета стадионот на „Партизан“ во Белград, виорејќи го албанското знаме и картата на „Голема Албанија“, во која беа вклучени територии од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија и северниот дел од Грција.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Прва авторизирана биографија на Дарко Панчев

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Предраг Петровиќ