Кочани ќе го развива спа-туризмот и планинскиот туризам на Пониква

Од:

Подобрување на бизнис климата во Кочани и можноста за донесување нови инвеститори,  искористувањето на геотермалните води  и  Пониква како најпривлечна локација  за вложувања во планинскиот туризам,се приоритетите на општината во наредниот период.

– Кочани има добро развиен план во врска со спа-туризмот. Неколку локации се подготвени  за изградба на вакви објекти,но постои  и конкретен проект кој ќе биде промовиран од Владата и нејзините институции, со оглед на тоа што капацитетите  на ГТВ  на овој регион се големи. Предвидени се локации за хотели и спа центар на потегот под градскиот базен,изработени се урбанистички решенија и тоа целосно треба да се искористи, изјави градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски.

Во изминатиот период Општината подготви  неколку можни индустриски зони, за кои се изработени и потребните урбанистичките планови. Овие испарцелизирани површини можат да се нудат на странски инвеститори, а како најатрактивни, според Димитровски,  се оние кај некогашната фабрика за Целулоза и хартија и кај потегот над магистралниот канал за наводнување на влезот во Кочан и населбата Оризари.

Би можело да ве интересира

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани

Горан Наумовски

ДУИ: Јавноста бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично

Низа лични дискредитации и навреди за предложените кандидати за в.д. градоначалник на Кочани

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Советникот Венко Крстевски најави кандидатура за в.д. градоначалник на Кочани

А1он