Шеснаесет нови минибуси за приградските населби

Од:

Во населбата „Ѓорче Петров“ денеска беа промовирани шеснаесет нови минибуси наменети за превоз на гарѓаните од приградските населби.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски рече дека автобусите се донација од Владата и ги замоли граѓаните да ги чуваат новите автобуси, бидејќи само така ќе можат што подолго да ги користат и да се чувствуваат пријатно додека патуваат.

Според министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, новите минибуси што ќе се користат за превоз на патниците на ЈСП „Скопје” до приградските автобуски линии се чекор напред во реализирањето на проектот за обнова на возниот парк на претпријатието.

Минибусите кои ќе ги користат жителите на приградските населби Матка, Кучково, Никиштани, Орман, Црешево, Усје, село Радишани, Љубин, Горно Оризари се од марката YUTONG, произведени се во 2011 година, должината на возилото е 7,7 метри, широчината е 2,3 метри, а максимална брзина со којашто може да се движи е 85 км на час. Со возилата ќе можат да се превезуваат вкупно 36 патници.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош