Кипар бара ЕУ да воведе санкции кон Турција

Од:

Кипарските пратеници во Европскиот парламент во писмо упатено до претседателот на европскиот законодавен дом Матрин Шулц, но и до Советот на Европската унија, бараат Брисел да воведе санкции кон Турција, како што има воведено и кон Русија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, шесте кипарски европратеници, Такис Хаџи-Георгиу, Костас Мавридис, Деметрис Пападакис, Христос Стилијанидис, Неоклис Силикиотис и Елени Теохарус, бараат ЕУ да воведе остри санкции кон турската држава, со оправдание дека Турција е главен виновник за се уште поделениот Кипар и дека, според нив, ситуацијата во Северен Кипар е идентична како и во Украина.

– Советот на ЕУ треба да воведе економски и политички санкции кон Турција, како цена што Турците треба да ја платат за она што го прават во северниот дел на Кипар. Решение за поделениот остров е можно ако Турција ги почитува основните човекови права, го цитира европратеничката Теохарус писмото што заедно со своите кипаркси колеги во Европарламентот го испратиле до Шулц и до Советот на Унијата.

Според кипарските европратеници, преговорите за членство на Турција со ЕУ, кои ги кочи Кипар, нема да продолжат се додека не престане турската окупација на островот.

Во тој контекст, европратнеичката вели дека нејзината земја не смее да дозволи Турците да продолжат со пристапните преговори, се додека не се најде трајно решение за поделената држава, што како таква и влезе во Унијата во 2004 година.

Турската армија во 1974 година реагираше на обидите на Грција за анексија на Кипар и за етничко чистење на турското население на островот, па со цел заштита на своите сограѓани во оваа земја. Од тој момент, 36 проценти од територијата се под контрола на Турција, односно се дел од непризнаената Турска Република Северен Кипар. Во рамки на Обединетите нации до денеска се водат преговори за обединување на островот, што засега се неуспешни и повеќе од третина од Кипар е под контрола на Армијата на Турција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ