Вооружен судир на границата меѓу Израел и Египет, убиен еден израелски војник и тројца милитанти

Од:

Според пишувањето на израелскиот весник Хаарец, во текот на денешниот ден, имало жесток вооружен судир помеѓу вооружени милитанти и израелската армија на границата меѓу Израел и Египет.

Се истакнува дека терористичката ќелија се приближила од правец на границата со Синај и отворила оган врз припадници на IDF. Дополнителните израелските сили пристигнуваат до локацијата и убиваат 3 милитанти. Прес ТВ објави дека во престрелката загинал и еден израелски војник додека израелските медиуми не го споменуваат тој детал.

Израелските воени претставници велат дека кај убиените е пронајдено поголемо количество оружје и експлозиви, што укажува дека планирале планирале напад од поголеми размери. “Инцидентот е ставен под контрола и ниеден терорист не се влегол во израелска територија”, изјави портпаролот на IDF.

Нападот се случи на територијата на планината Ариф во провинцијата Рамат Негев. За време на нападот израелската војска поподигнуваше заштитна ограда.

Да подсетиме, египетската армија во последниве недели изврши серија на операции против различни милитантни и терористички групи кои работат во реонот на Синај. Областа стана засолниште за голем број на екстремистички групи по падот на Хосни Мубарак.

Минатиот месец, терористите нападнаа египетска воена касарна и притоа загинаа 16 египетски војници. Новиот претседател Мохамед Морси започна решителна воена акција против овие елементи, но поради тоа беше критикуван од страна на некои радикални политички групи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан