Состојба на патиштата

Од:

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони. На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од ГЕИНГ инжињеринг информираат дека за проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. се започна со активности на патиштата,  односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:

–       на државен пат Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак

–       на државен пат  А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево

–       на државен пат  Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)

–       на државен пат Р1402 (Р-605),  делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево

–       на државен пат  Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани

Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

– Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула – до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори.

– На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

– На патниот правец Велес-Штип од 23.05.2014 г. се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози