(ВИДЕО) Арсена со акција за донирање на здрава вода

Од:

Активисти на граѓанската иницијатива „Арсена“ во рамките на акцијата „Здрава вода за здрав живот“ поделија 250 литри пакувана вода на семејства со ниски лични примања, самохрани мајки и социјални случаи.

Средбата со членовите на семејствата беше потресна: во простории со подстандардни услови со примања од 2.000 денари социјална помош поголемиот дел од лицата се пожалија дека немаат средства за леб, а не пак да купуваат здрава вода.

– Живеам во петчлено семејство со две деца и социјални примања од 1.900 денари. Како да купам здрава вода, се пожали жител од Гевгелија.

– Никој од општината не’ нема известено дека водата не е во ред. Немаме добиено никаква помош од општината, ниту за трошоците за вода, ниту еднократна парична помош кога побарав за лекови, оти сум срцев болесник, а живееме три члено семејство со 2.000 денари месечни примања, се пожали средновечна граѓанка која поради болеста не е способна да работи и остварува средства за живот.

Загрижена трудница едвај ја дочека презентацијата на активистите за да дознае дали арсенот во водата од гевгелиските чешми е штетен и дали смета на детето, мислејќи на плодот што го носи во утробата. Се заблагодари за упатствата и за донираната вода. Можеби донацијата од 20 литри вода ќе помогне некој ден на ова три члено семејство да не се труе со вода од чешма, но што потоа? Како овој млад пар на невработени родители кои чекаат нова принова да обезбедат здрава вода за здрав живот?

Од иницијативата „Арсена“ известуваат дека целта на акцијата е да се информираат граѓаните за штетноста на водата од гевгелискиот водовод која веќе две години е забранета за консумирање од страна на човекот, со решение на Државната Агенција за храна и вода издадено на 23 септември 2012 година. Истото е се’ уште неповлечено, што значи дека е во сила, поради континуирано присуство на отровниот елемент арсен во количини поголеми од дозволените според стандардите на СЗО.

И покрај две годишната забрана за користење на гевгелиската вода, најавата за копање нови бунари и извори на вода, решение се’ уште нема, а отровниот арсен уште се испорачува низ чешмите во секое гевгелиско домаќинство. Некои семејства започнаа да се снабдуваат со пакувана вода за пиење, онолку колку што им дозволуваат семејните примања. Но, што со социјалните случаи, лицата со ниски примања, самохраните мајки, невработените млади брачни парови и родители? Нивното здравје е најзагрозено, а досега никој не им помогнал, нагласуваат од „Арсена“.

– Гевгеличани заслужуваат здрава вода, а тоа треба да го обезбедат надлежните локални институции, порачуваат од граѓанската иницијатива.

Акцијата за донирање здрава вода се изведува во рамките на проектот „Граѓаните и Арсена до здрава вода за пиење во Гевгелија“ што го спроведува граѓанската иницијатива „Арсена“ во соработка со Здружението на граѓани „Патокази“, а со поддршка на ФООМ.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија