Со целовечерен концерт на виолинистите Ана и Олег Кондратенко, вечер во Битола свечено ќе биде затворено 23. издание на меѓународниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Дуото Кондратенко ќе настапат во придружба на пијанистката Марија Вршкова и ќе изведат дела од Леклер, Мошковски, Шостакович, Цанев и Алнаес.
– Годинава фестивалот го почнавме со редок музички спекаткл, со комичната опера „Така прават сите“ во режија на Цветан Стојановски и под диригенство на Саша Николовски-Ѓумар и во која долго ќе се памети изведбата на солистите во таа опера. На втората вечер настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска која приреди концерт на високо ниво со што всушност беше најавено и потврдено дека секоја вечер ќе се одржуваат концерти во полна сала. Годинашниот фестивал ќе се памети и по настапот на некогашниот вундеркинд-чудо од дете, а сега возрасен и еден од најдобрите 10 виолинисти во светот Алтан Залаи од Унгарија, кој имаше незаборавен концерт со дела од Паганини, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, директор на „Интерфест“.
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ се одржува во соработка со НУ Завод и Музеј-Битола, НУ Народен театар-Битола и Државното средно музичко училиште-Битола. Покровител на фестивалот на Министерство за култура.