Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северот на Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот, кој се случил во 11.36 часот по локално време, бил со епицентар во префектурата Аомори, на длабочина од десет километри под површината на земјата.
Засега нема податоци за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавено ни предупредување за опасност од цунами.
Јапонија се наоѓа во еден од сеизмички најактивните области во светот.
Во март 2011 година силен земјотрес со интензитет од девет степени по Рихтер ја погоди североисточна Јапонија, по кој следеше и разорно цунами кое сериозно ја оштети нуклеарната централа во Фокушима и при кое загинаа повеќе од 18.000 луѓе.