Чеченски милитанти од ИСИС: Русија е следна мета

Од:

Лидерот на чеченските милитанти од Исламска држава, Омар Ал Шишани се закани дека Русија ќе биде нивна следна мета, пишува „Блумберг“.

Тој во телфонски разговор со својот татко, кој живее во Грузија вели дека ќе му се одмазди на рускиот претседател Владимир Путин.

-Ми рече не грижи се тато, ќе се вратам и ќе им покажам на Русите. Ме следат илјадници борци, а ќе бидат уште повеќе. Ќе и се одмаздиме на Русија- открива таткото на терористот.

Се претпоствува дека во редовите на Исламска држава има од 200 до 1.000 Чеченци, поради што постои загриженост од тоа што ќе се случи кога тие ќе се вратат во татковината, бидејќи без сомнеж ќе бидат обучени за нови терористички напади.

Инаку Ал Шишани, чие вистинско име е Таркан Батирашвил стана исламски радикал во затвор, каде што заврши поради нелегално поседување на оружје.

Поради здравствени причини е ослободен од затвор, а во 2012 година заминал во Сирија каде што се вклучил во редовите на ИСИС. Во последно време се потпишува како лидер, што буди сомнеж дека има висока функција во војската на Исламска држава.

Истовремно како што пренесуваат медиумите, Грузија ги презема сите неопходни мерки за да им оневозможи враќање на Ал Шашани и останатите борци на ИСИС да се вратат во државата.

-Наша цел е да им покажеме на оние кои планираат да тргнат по тој пат, дека нема да поминат без казна- вели Иракли Сесиашвил, претседател на грузискиот Одбор за одбрана и безбедност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа