Триесет и една жртва досега во протестите во Турција

Од:

Триесет и едно лице загина досега во немирите, кои избија за време на протестите во Турција изминатите денови против операциите на џихадистичката групација Исламска држава во сирискиот град Кобане, кој е населен претежно со Курди, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Ефкан Ала.

Министерот нагласи дека протести се организирани во 31 од вкупно 81 турски окрузи. Меѓу жртвите има двајца припадници на силите на редот, а ранети се вкупно 351 лице, од кои 221 се цивили.

Привремено во врска со немирите биле уапсени 1.024 лица, од кои 58 се задржани во притвор.

Нанесена е огромна материјална штета, односно опожарени или разурнати се 1.113 згради, а 1.177 автомобили се уништени.

Ала додаде дека петмина терористи, вмешани во вчерашниот напад во источниот округ Бинѓол врз локалниот началник на полицијата се ликвидирани. Во нападот беа убиени двајца полицајци, а нашалникот на полицијата во Бинѓол е ранет.  Ала додаде дека тој е во добра состојба.

Илјадници Курди излегоа на улиците оваа недела за да протестираат против, како што сметаат, одбивањето на Анкара да помогне во одбрана на градот Кобане, кој се наоѓа на границата меѓу Турција и Сирија и кој со недели е под опсада на борците од ИД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски