САД минатата ноќ извршија девет воздушни напади врз позиции на борците од групацијата Исламска држава во околината на сирискиот град Кобане, соопшти американската централна команда.
Шест од нападите биле извршени врз припадници на ИД јужно од Кобане, а други три северно од градот.
Во нападите се разурнати неколку згради, кои ги користела групацијата.